Focus® Ultra

Focus® Ultra е хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни тревни плевели. Ги уништува теснолисните плевели, и тоа во коренот. Посебно е ефикасен спрема оние плевели, кои тешко се сузбиваат.

АКТИВНА МАТЕРИЈА:
100 g/l cikloksidim
Селективен и транслокационен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни плевели

НАСАДИ
Соја, сончоглед, пченка толерантна на cikloksidim, шекерна репа, домат, компир, овошки, винова лоза, маслодајна репка

Description

Description

Преглед на бенефити
Предности од примената на хербицидот Focus® Ultra:
Одлично сузбива теснолисни плевели, и тоа во коренот
Има широка примена во голем број на култури
Високоселективен на одгледуваните култури
Механизам на дејствување на Focus® Ultra хербицидот:
Тревните плевели го примаат Focus® Ultra хербицидот преку листот и го пренесуваат во коренот. Набрзо после примената плевелот престанува со раст. Седум до десет дена после примената плевелот губи боја, почнува да жолтее, а 14 дена потоа плевелот поцрвенува и целосно се исушува. Високо е селективен на одгледуваните култури во секоја развојна фаза па времето на примена се одредува спрема фазата на пораст на плевелот.